Дефанзивецот на Ливерпул, Наби Кеита потпиша тригодишен договор со бундеслигашот Вердер Бремен по крајот на неговиот договор со премиерлигашот.
28-годишниот репрезнтативец на Гвинеја, Кеита имаше 11 гола во 129 настапи за „црвените“ по неговиот (тогаш) рекорден трансфер од 48 милиони фунти од РБ Лајпциг во 2018 година.
Оваа сезона по низа повреди и слаба форма, тој имаше само осум настапи во Премиерлигата. Со „црвените“ Кеита ги освои Премиерлигата, Лигата на шампиони, Светското клупско првенство, ФА купот и Карабао купот.