Ливерпул дојде до супер-брзо водство во првиот меч од четврт-финалето на ЛШ против Порто, откако Наби Кеита успеа да го „излаже“ ветеранот на голот на противникот, Икер Касилјас.
Џејмс Милнер упати убава долга топка до Садио Мане, кој успеа да го пронајде Роберто Фирмино во шестнаесетникот, а Бразилецот додаде до Кеита, чиј удар се одби во еден од одбранбените играчи на Порто и заврши во мрежата.
За потсетување, лани Ливерпул ги совлада на гости Порто 5:0, пред дома да одигра 0:0 во осминафиналето на ЛШ.
И во вториот меч имаше возбудувања, откако Манчестер сити не успеа да искористи пенал кај Тотенхем, останувајќи 0:0 по 12 минути игра. Роуз играше со рака во шестнаесетникот и по ВАР-консултација, Серхио Агуеро застана на белата точка, но Иго Љорис го „прочита“ неговиот обид.
Lovely finish there, Naby Keita #lfc pic.twitter.com/kCw8tNhuoj
— Panenka Magazine (@WeArePanenka) April 9, 2019