Англискиот капитен, Хери Кејн признава дека пристигнувањето на Антонио Конте во Тотенхем го направило подобар напаѓач, бидејќи со него се оди „до лимитот“ и тој ужива во таквиот пристап кон фудбалот.
Кејн во текот на летото сакаше да ги примора Тотенхем да го продадат на Манчестер сити, и неговата иднина по крајот на сезоната уште е неизвесна, но тој очигледно ужива повеќе во работата со италијанскиот стручњак отколку со неговиот претходник Нуно Еспирито Санто.
„Антонио е фантастичен тренер и откако пристигна кај нас навистина добро се согласуваме. Тој носи идеи во својот фудбал, начин на кој сака сите да играат и дефинитивно научив поинаков аспект на фудбалот под него. Физички сум на повисоко ниво, тренираме напорно секој ден и затоа сум ментално и физички подготвен. Антонио е менаџер кој те турка до својот лимит и уживање е да се работи со него“, вели Кејн.
"These next ten games are all I'm focussed on"
Harry Kane responds when asked if he's discussed his Tottenham future with Antonio Conte pic.twitter.com/DycLaewpdw
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) March 24, 2022