Тотенхем не успеа да освои ниту еден трофеј во најуспешниот период во поновата историја на клубот, поради што по завршувањето на сезоната ќе остане без својот најдобар играч и стрелец, Хари Кејн.
Англиските медиуми тврдат дека Кејн ќе побара дозвола да го напушти клубот во летниот преоден рок.
Неколку богати клубови се заинтересирани за услугите на Кејн, но за да го донесат ќе треба да издвојат најмалку 200 милиони евра.
Наводно голем интерес за Кејн покрај клубовите од Манчестер, Јунајтед и Сити, покажал и Јувентус.