Напаѓачот на Тотенхем, Хери Кејн може да се врати од повредата на бутниот мускул веќе за дуелот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид во среда на „Вембли“, вели менаџерот на тимот, Маурисио Покетино.
Англискиот репрезентативец е најдобар стрелец на Тотенхем со 13 гола во 12 настапи во сите натрпеварувања, но не играше во поразот од Вест Хем во Лига купот во средата и 1:0 поразот од Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.
„Заедно со лекарите и со играчот ќе направиме најдобра одлука за сите. Мораме да направиме најдобра одлука за сите. Но, чувството е добро. Не моето, тоа на Хери Кејн“, вели Покетино.
Тотенхем, кои се први во групата Х со седум поени, извојуваа 1:1 реми на „Сантијаго Бернабеу“.