Top Sport

Кејн го „реши“ дербито на северен Лондон (видео)

Прецизниот удар на Хери Кејн по нафрлањето на Бен Дејвис беше доволен Тотенхем да стигне до голема победа од 1:0 во дербито на северен Лондон и покрај најавите пред мечот на тренерот на Арсенал, Арсен Венгер дека „Вембли“ е подобар стадион за неговите момци.

Кејн несомнено беше херојот на Тотенхем за победа со која „Спарси“ се на седум поени пред Арсенал. Првото полувреме беше досадно со малку шанси за гол, но во второто Тотенхем беа доминантни и можеа да победат со поголема разлика.

Кејн, кој минатата недела го постигна својот 100. гол во Премиер лигата повторно ќе биде „славен“ во Англија, што не може да се каже за новите засилувања на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг и Хенрик Мхитарјан, кој беше сменет по 65 минути игра.

Scroll to Top