Top Sport

Кејн: Ќе бидам подготвен за ЕУРО 2020

Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн рекол смета дека би можел да се врати во екипата наредниот месец. Кејн не игра од 1 јануари кога се повреди на натпреварот со Саутемптон.

Повредата на Кејн претставува голем проблем за Тотенхем и за англиската репрезентација во пресрет на ЕУРО 2020.

Кејн е убеден дека наскоро ќе му се врати на фудбалот и дека ќе биде во полна форма за стартот на Европското првенство на кое Англија ќе влезе со големи амбиции.

„Доколку нешто драстично не се смени, инаку че бидам подготвен“, рекол Кејн.

„Се уште не тренирам редовно, но работам во вежбална, работам на силата. Уште неколку недели и би можел да се вратам на фудбалските терени. Не знам кога точно тоа ќе се случи, но јас верувам дека тој ќе биде кон средината на наредниот месец“.

Англија на ЕУРО 2020 се наоѓа во група со Хрватска, Чешка и победникот на плејофот во Ц-сегментот во Лигата на нации во која се Норвешка, Србија, Шкотска и Израел.

Scroll to Top