Хери Кејн вели дека е лесно да се биде капитен на Англија, откако селекторот Герет Саутгејт му ја додели таа чест на Мундијалот во Русија.
Напаѓачот на Тотенхем ја презеде капитенската лента од Џордан Хендерсон пред патувањето во Русија и досега во два меча во кои стартуваше постигна пет гола за да биде најдобар стрелец досега на Мундијалот.
Тој ќе им биде многу потребен на Англичаните во дуелот со Колумбија во осминафиналето, но 24-годишниот голгетер е опуштен и релаксиран.
„Сѐ оди навистина добро. Лесно е за мене бидејќи има многу момци кои знаат како да преземат контрола. Ако нешто не е во ред, тие се подготвени да го направат тоа што е потребно. Тука сум за сите нив, за било што“, вели Кејн.
Фото: ЕПА