Хери Кејн ги отфрли тврдењата на дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк дека тој симулирал пенал при контроверзното 2:2 реми со Тотенхем во неделата.
Спарси добија два пенали на „Енфилд“, кога Кејн падна по дуел со голманот Лорис Кариус во 87. минута, и за стартот на Ван Дајк над Ерик Ламела по истекот на 90-те минути. Кејн го утна првиот пенал, но со вториот освои поен за својот клуб и стигна до 100. гол во Премиер лигата.
Ван Дајк по мечот изјави дека првиот пенал на 24-годишниот Кејн бил „изнуден“, но Кејн вели дека дефинитивно имало фаул.
„Кариус тргна по топката и дојде пред мене, така што јас како фудбалер нема да се тргнам од неговиот пат бидејќи ова таков спорт. Дефинитивно имаше контакт и паднав. За пеналот на Ламела, линискиот судијата покажа одличен карактер по целиот хаос“, вели Кејн.
Diver pic.twitter.com/GKIGSG6dAE
— Prashant Joon (@prashantjoon4) February 4, 2018
Лудница на „Енфилд“, Кејн го спаси Тотенхем од пораз (Видео)