Напаѓачот на Тотенхем, Хери Кејн вели дека е среќен да остане во тимот од Лондон, но дека е потребно да се освојуваат трофеи и да се постават услови за тој да се развива како играч.
Кејн во неделата постигна два гола за да дојде до цифрата од 26 гола во сите натпреварувања оваа сезона откако тимот го совлада треголигашот Вимблдон во третото коло на ФА купот. Околу иднината на 24-годишниот напаѓач има голем број на шпекулации, а посебно интерес покажуваат Манчестер јунајтед на островот, но и Реал Мадрид, кој има „навика“ да зема фудбалери од Тотенхем.
„Сакаме да почнеме да освојуваме трофеи и тоа е главната цел. Сè додека клубот го прави тоа, среќен сум во Лондон. Но, мораме да имаме прогрес“, вели Кејн.
Тотенхем загуби од Челси во финалето на Лига купот во 2015 година, но немаат голем трофеј од Лига купот во 2007/08. Тимот од северен Лондон е на 21 поени од лидерите во Премиер лигата, Манчестер сити, и Кејн вели дека ФА купот е најдобра шанса за трофеј.
„Сакаме трофеи и ова е натпреварување во кое таа цел може да се оствари“, додава Кејн.