Хери Кејн вели дека да се биде играч на Баерн Минхен е „лудо“ пред своето домашно деби за германските гиганти на „Алијанц арената“. Денеска во Минхен пристигнуваат баварските ривали Аугзбург, а Кејн е подготвен откако постигна гол во своето деби при гостинскиот 4:0 триумф кај Вердер Бремен.
„Кејн-манијата“ во Германија не стивнува, откако Баерн откри дека има рекордна продажба на дресовите со името на англискиот напаѓач и тој ветува дека ќе врати на фановите, кои според него, прават подобра атмосфера отколку во Премиерлигата.
„Атмосферата во Бремен беше неверојатна, многу поинаква од Англија и Премиерлигата. Обичен лигашки меч, но беше како да играш во Лигата на шампиони. Господинот Карл-Хајнц Румениг ми објасни каков е притисокот да се игра во Баерн, каде што се очекуваат трофеи, не еден трофеј. Тоа е менталитетот на Баерн, што е лудо“, вели Кејн.