Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн, има желба да го достигне нивото на кое се наоѓа ѕвездата на Барселона, Лионел Меси. Кејн и Меси вечерва ќе ги предводат своите тимови во дуелот од второто коло, во Лигата на шампионите.
„Поставува стандарди. Тој и Кристијано Роналдо се над сите други. Тоа ме мотивира да бидам што е можно подобар. Се надевам дека ќе постигнам исто толку голови, може и повеќе. Тој се уште е активен ќе видиме“, рекол Кејн.
Меси досега за Барселона има постигнато 560 гола, 103 од нив се во Лигата на шампионите.
Тотенхем и Барселона натпреварот ќе го започнат во 21 часот.