Top Sport

Кејн: Сакам повторно да сум подобар од Меси и Роналдо

Ѕвездата на Тотенхем, Хери Кејн вели дека е горд од своето остварување оваа година, но, дека сака да го продолжи тоа и во следните сезони и да ги надмине Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Напаѓачот имаше неверојатни 57 голови за Тотенхем и Англија, со што е на првото место во петте најсилни европски лиги, со еден гол повеќе од Меси. Токму поради ова, многумина сметаат дека токму тој ќе биде човекот кој ќе го прекине владеењето на Меси и Роналдо со „Златната топка“, која од 2007 година оди во рацете на тие двајца фудбалери.

24-годишниот Англичанец вели дека жртвувал многу од својот живот за да го заддржи ова ниво на перформанси.

„Тие беа толку добри фудбалери во последните десет години и со право владееја. Мислам дека ќе останат запаметени како најдобрите двајца фудбалери во историјата. Но, сакам да бидам тука со нив и да ги победувам. Не само нив лично, туку и со трофеите. Жртвував многу од моето време, посебно со постојаните настапи и тренинзи. Тоа е животот на фудбалерите, но не се жалам. Јас кога имам слободно времео дам дома, се одмарам, поминувам време со семејството и веднаш мислам на следниот натпревар“, вели Кејн за „ЕСПН“.

Тотенхем веќе е далеку зад Манчестер сити во Премиер лигата, но затоа импресионираше во Лигата на шампионите со победи над Борусија Дортмунд и Реал Мадрид и пласман во осминафиналето.

„Од наша гледна точка, сезоната е добра. Секако, требаше да бидеме подобри во Премиер лигата, меѓутоа Манчестер сити избегаа многу. Уште сме во Лигата на шампионите и ФА купот и мораме да се фокусираме на тоа. Следната сезона ќе го имаме нашиот стадион и тоа ќе биде прекрасно“, додава Кејн.

Scroll to Top