Top Sport

Кејн утре на клучни преговори со првите луѓе на Тотенхем

Хери Кејн ќе ја остави одлуката на Тотенхем околу потенцијалниот трансфер ова лето на утрешниот прв состанок со новиот менаџер Анге Постекоглу и претседателот Даниел Леви, во време кога Баерн Минхен се подготвуваат за нова понуда за англискиот капитен, тврди „Телеграф“.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува за нешто помалку од 12 месеци, што ги поставува Тотенхем во незгодна ситуација тој да си замине без отштета на крајот на сезоната 2023/24. На ова е надополнува барањето на Леви клубот кој ќе сака да го добие напаѓачот да плати над 100 милиони фунти, што е нереално за очекување од германскиот шампион.

Леви сака да ги избегне сите дилеми со понуда на нов договор за Кејн, која засега нема најави дека напаѓачот ќе ја прифати.

Scroll to Top