Селекторот на Словенија Матијаж Кек ја одбил понудата да стане тренер на Динамо Загреб. Според хрватските медиуми Динамо на Кек му понудиле годишна плата од 800.000 евра.
Тренерот кој со Риека пред две сезони ја прекина доминацијата на Динамо во хрватското првенство во последен момент, по разговорот со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Словенија, решил да ја одбие понудата.
Кек ќе остане селектор на Словенија до истекот на договорот во 2022 година.
Динамо сега мора бргу да го реши тренерското прашање бидејќи клубот наскоро ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
Порталот „Индекс“ спроведе анкета меѓу навивачите кого тие би сакале да го видат на тренерската позиција. Најмногу гласови (28 отсто) добил актуелниот тренер на Кајзери, Роберт Просинечки, а 20 отсто од актетираните гласале за поранешниот репрезентативец Игор Бишчан.