Top Sport

Келн ја обезбеди второлигашката титула и враќањето во Бундеслигатa

Kелн по само една сезона се враќа во Бундеслигата, откако „јарците“ со 4:0 победија на гостувањето кај Гројтер Фирт за на две кола пред крајот да го обезбедат првото место во втората лига.

Џон Кордоба постигна хет-трик за да ги донесе Келн на 64 поени, осум повеќе од второпласираниот Падерборн и по девет пред Унион Берлин и Хамбургер на два кола пред крајот. Две екипи влегуваат директно, додека третопласираната игра бараж за влез во елитата.

Ова е четврти пат во последните 20 години, Келн да се враќа во Бундеслигата, по 2000, 2005 и 2014 година.

Scroll to Top