Германскиот бундеслигаш Келн мора да плати компензација на Арсенал за штетата која ја направија нивните навивачи на дуелот од Лигата на Европа во Лондон минатиот месец, потврди УЕФА.
УЕФА исто така додели казна на патување на навивачите од еден натпревар, но условно во лседните две години доколку повторно се појави проблем, а исто така мораат да платат 60.000 евра за однесувањето на фановите на „Емирати“.
Келн доби 3.000 билети за своите фанови, но во Лондон се појавија повеќе од 20 илјади навивачи, одложувајќи го стартот на мечот за еден час.
Казна доби и португалскиот тим Брага, со делумно затворање на стадионот за следниот меч од ЛЕ против Хофенхајм и тоа поради однесувањето на официјалните лица при 2:0 поразот од Лудогорец овој месец. Брага доби дополнителни 15.000 евра казна поради тоа што мечот почна предоцна.