Лутон Таун избори историски пласман во Премиер лигата. Овој англиски второлигаш славеше во финалето на плејофот против Ковентри по избедувањето пенали со 6:5. Лутон Таун во минатото играа во Првата дивизија од која испаднаа во сезоната 1991/92. Премиер лигата е основана во 1992 година.
Градот Лутон има околу 270.000 жители, а неговиот стадион ќе биде најмал во Премиер лигата. Стадионот „Кенилворт Роуд“ има капацитет од 10.356 седишта. Посебно внимание привлекува околината во која се наоѓа.
Имено, „Кенилворт Роуд“ се наоѓа многу блиску до бројни семејни куќи. На влезот на една од трибините од каде од скалите може да се гледа во куќите и градините на луѓето кои тука живеат.
Сепак, дискутабилно е дали Лутон може да добие дозвола н својот стадион да ги игра натпреварите во Премиер лигата.
Англиските медиуми пишуваат дека клубот би требало да инвестира над 10 милиони евра за да го прилагоди стадионот на барањата на Премиер лигата, но проблемот е што поради специфичната средина, големо реновирање и проширување на стадионот едноставно не е можно.
Лутон е во процес на преселба на нов стадион, но нема шанси тој да биде завршендо почетокот на новата сезона.
Затоа, остануваат само две опции: првата е споменатата реконструкција, во тој случај Премиер лигата би можела да му дозволи на Лутон да ги игра првите неколку кола надвор од дома додека не се завршат работите.
Друга опција е да се игра на друг стадион, а изборот веројатно би паднал на стадионот во Милтон Кејнс, кој е оддалечен околу 30 километри од Лутон, каде своите натпревари ги игра МК Донс, клуб кој сезонава испадна од третата во четвртата англиска лига.