Top Sport

Кеси на пат кон Премиерлигата

Два клуба од Премиерлигата се заинтересирани за фудбалерот на Милан Франк Кеси. Играчот од Брегот на Слоновата коска има договор со Милан до 2022 година, оваа сезона има одиграно 26 натпревари на кои постигнал еден гол.

Евертон и Њукасл Јунајтед се заинтересирани за Кеси.

Тренерот на Евертон Карло Анчелоти се интересираше за него и кога беше тренер на Наполи, додека Њукасл чекаат да биде одобрена продажбата па да започнат со реализација на амбициозниот проект.

Милан би го продале Кеси за сума од 25 милиони евра.

Scroll to Top