Top Sport

Кевин де Бројне е најдобриот играч на светот?

Кевин де Бројне не може да здивне од пофалби.  Прво, белгискиот селектор Роберто Мартинез изјави дека играчот од средниот ред на Манчестер сити може да биде на исто ниво како Кристијано Роналдо и Лионел Меси, по што колегата од репрезентацијата, но ривал во Премиер лигата, Еден Азар призна дека Де Бројне е најдобриот играч во англиската лига.

Де Бројне има фантастични перформанси во Сити оваа сезона под водство на Пеп Гвардиола, со два гола и шест асистенции во 11 лигашни натпревари. Според Мартинез, 26-годишниот ас со себе носи ароганција и верба во победа и во националниот тим.

„Кога ќе ги погледнете Меси и Роналдо, имате двајца фудбалери кои постојано играат на високо ниво. Нивото на кое Кевин игра минатата и оваа година, покажува дека тој има потенцијал да биде на тоа ниво“, вели Мартинез.

Еден Азар пак, вели дека мора да му даде предност на колегата од репрезентацијата во англиската лига. Азар беше прогласен за играч на годината во 2014/15 во Англија, а лани го предводеше Челси до титула во Премиер лигата.

„Кевин е дефинитивно најдобриот фудбалер во Премиер лигата во овој момент. Сити се најдобриот тим, а Кевин е најважниот играч во системот на Гвардиола. Лесно е да се игра со него“, вели 26-годишниот Азар.

Белгија во петок игра пријателски натпревар со Мексико, а четири дена подоцна ги пречекува и Јапонците.

 

Scroll to Top