Top Sport

Кевин-Принц Боатенг јавно се откажа од братот Џером

Кевин-Принц Боатенг се откажа од својот брат Џерон, кој избегна затворска казна поради физичкиот напад врз некогашната девојка. Судот во Минхен, го казни Џером Боатенг со 1.800.000 евра.

Јавно, во разговор за „Билд“, Кевин-Принц се откажал од братот.

„Одамна се дистанцирав од него. Го почитувам германскиот закон и го презирам насилството врз жените. Не го одобрувам неговите постапки, немам ништо заедничко со него“, рекол тој.

Браќата Боатенг кариерата ја започнаа во Херта. Џеромн потоа играше за Манечестер сити и Баерн Минхен, со Баварците ги освои сите значајни клупски трофеи, а со Германија стана светски првак во 2014 година. Летово како слободен играч се пресели во Олимпик Лион.

За разлика од Џером, Кевин-Принц, кој секогаш бил контроверзна личност, во кариерата сменил голем број на клубови, имал можност да игра за Милан и Барселона.

За разлика од својот брат тој настапуваше за репрезентацијата на Гана.

Scroll to Top