Top Sport

Кежман ги предупредил Лацио – Јунајтед подготвува официјална понуда за Милинковиќ-Савиќ?

Агентот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Матеја Кежман ги предупредил Лацио дека наскоро ќе стигне понуда од 50 милиони евра од Манчестер јунајтед, за која српскиот фудбалер од средниот ред би бил заинтересиран, тврди италијанскиот весник „Ил месааџеро“.

27-годишниот Милинковиќ-Савиќ е една од најголемите ѕвезди во тимот, и има договор од јуни 2024 година постојано отфрлајќи ги шпекулациите дека сака трансфер од Рим. Сепак, според „Ил месаџеро“, Кежман бил во посета на седиштето на Лацио, најавувајќи голема понуда о англиски клуб.

Јунајтед уште не успеале да го убедат Френки де Јонг да премине од Барселона, а последните вести кажуваат дека има проблеми и во договорениот трансфер на Адриен Рабио од Јувентус, откако неговата мајка (и агент) барала превисока плата. Јунајтед не играат во Лигата на шампионите, што претставува проблем за повеќе фудбалски ѕвезди, но бидејќи и Лацио не се во ЛШ, нема да има поголема пречка за трансферот на СМС.

Scroll to Top