Атлетико Мадрид води по првиот дел против Барселона со 1:0. Единствениот гол го постигна Јаник-Фереира Караско во последните секунд од првиот дел.
Белгиецот ја искористи катастрофалната грешка на голманот на Барселона Марк Андре тер Штеген и од 30 метри ја погоди празната мрежа. Германскиот голман без потреба излета далеку од својот гол, во обид да спречи долго додавање кон Караско.
Белгиецот со еден прием му продаде тунел на голманот, а потоа ја испрати топката во празниот гол.
Претходно двата тима имаа по две добри шанси, најпрвин Гризман за Барселона во седмата минута, а потоа Атлетико се закани преку Саул во 10.минута, неговиот удар го одбрани Тер Штеген, а во следната минута Ударот на Љоренте заврши во гредата.
Во 40 минута Меси од чиста позиција шутираше лошо, а Облак го одбрани неговиот удар.