Top Sport

Киксерот Кариус се враќа во Бундеслигата

Лорис Кариус го напушти Бешикташ кде што беше позајмен и се врати во Ливерпул, но и нему му е јасно дека летово ќе мора да го напушти „Енфилд“.

Кариерата на Кариус се движи по надолна линија од финалниот меч во Лигата на шампионите против Реал во 2018 година, кога со своите грешки им ја подари победата на фудбалерите од Мадрид.

Со грешките продолжи и во Бешикташ поради што го навлече гневот на навивачите. На крајот замина до Истанбул бидејќи клубот доцнел со платите.

Според англиските медиуми Кариус ќе се врати во Бундеслигата каде пред да се пресели во Ливерпул бранеше за Мајнц. Наводно Херта сериозно биле заинтересирани за неговите услуги.

Scroll to Top