Арсенал и Ливерпул, во петокот вечерта, одиграа еден од најдобрите натпревар оваа сезона во Премиер лигата. Гостите во Лондон водеа 0:2, а потоа следуваше блиц криг на Арсенал, три гола за шест минути и водство од 3:2. На крајот двата тима освоија по еден бод, а конечниот резултат е 3:3.
Во прествртот кој во интервал од шест минути го направи Арсенал, голема улога имаше голманот на Ливерпул, Симон Мињоле.
Белгиецот е добар голман, но поради неверојатните пропусти, лошите проценки, не спаѓа во категоријата „врвни голмани“.
Неразбирливо за навивачите на Ливерпул и оние неутралните е колку лошо го процени летот на топката по ударот на Гранит Џака, која швајцарскиот репрезентативец израмни на 2:2.
Поради тоа тој доби нов прекар, а „кум“ е бразилскиот коментатор на ЕСПН.
Simon „lettuce hand“ Mognolet, или во слободен превод Симон „раце како лист од зелка“ Мињоле.