Најголемиот „кикс“ на фудбалските терени овој викенд (досега!) го направи хрватскиот голман на Клуб Бриж, Карло Летица, кој имаше смешна интервенција при првиот гол на гостувањето кај Синт Труиден придонесувајќи неговиот тим да одигра 2:2.
Летица во 18. минута направи катастрофална грешка при ударот на Камада за да им донесе водство на домаќините. Иронично, Летица неодамна беше на „радарот“ на Реал Мадрид како можно засилување на голманската позиција.
Иако Бриж, второпласиран во белгиската лига направи пресврт до крајот на полувремето, не успеа да ги освои трите поени, откако одбраната на клубот реагираше лошо за вториот гол на домаќините во 78. минута. Бриж останува втор со два поени заостанување зад лидерот Генк и четири поени пред Андерлехт.