Top Sport

Киксот на Симон ѝ донесе бод на Валенсија

Фудбалерите на Валенсија и Атлетик Билбао, освоија по еден бод, откако во 13.коло, на „Местаља“, одиграа 2:2.

Валенсија беа подобри на теренот во првото, а Атлетик Билбао во вториот дел, па ремито реално го отсликува натпреварот.

Карлос Солер донесе предност за Валенсија, од пенал во 26.минута. Билабо, во второто полувреме, силно пристиснаа кон голот на Доменек и успеаја да направат пресврт. Виљарибле израмни во 55.минута, а ветеранот Раул Гасија од пенал во 79.минута го комплетираше пресвртот.

Сепак само четири минути подоцна, Ману Ваљехо, ја искористи лошата интервенција на голманот Симон и ги постави конечните 2.2.

Scroll to Top