Top Sport

Килијан Мбапе како Пеле

Килијан Мбапе, репрезентативецот на Франција, стана првиот тинејџер уште од легендарниот Пеле од 1958 година, кој успеал да постигне два гола во нокаут фазата на светските првенства.

Мбапе, кој има само 19 години, во првото осмина-финале на Светското првенство во Русија, против Аргентина постигна два гола во 64. и 68.минута.

Легендарниот Бразилец, Пеле, во далечната 1958 година на Светското првенство во Шведска, постигна два гола против домаќинот

Напаѓачот на ПСЖ е четвртиот тинејџер во историјата што успеал да постигна најмалку еден гол во нокаут фазата. Покрај на Пеле, тоа им успеало и на Мајкл Овен и Џулијан Грин.

Scroll to Top