Тренерот на француслиот шампион, ПСЖ, германскиот стратег Томас Тухел денеска објави дека голегетерот Килијан Мбапе повторно се повредил.
Французинот поради повреда на грбот не настапуваше цел месец, па се врати на терените на крајот на септември.
Напаѓачот минатата недела се врати на терените против тмот на Бордо и асистираше при погодокот за победа на Нејмар.
Мбапе настапи за ПСЖ и на дуелот против Галатасарај во ЛШ.
„Килијан нема да биде дел од тимот некое време. Му треба време за опоравување. Ова е различна повреда и не е повторување на старата“, објасни тренерот Тухел.
Ова се проблеми и за селекторот на Франција, Дидие Дешамп кој најверојатно нема да може да смета на брзоногиот напаѓач за во националниот тим за октомвриските квалификациски натпревари.
Покрај Мбапе, Тухел во составот на ПСЖ нема да може да смета и на услугите на уругвајскиот напаѓач, Едисон Кавани.
Мбапе сезонава постигна 2 гола и има 2 асистенции на 6 натпревари во сите натпреварувања.