Top Sport

Кимих: Можеби требаа подоцна да ги отпуштат Кан и Салихамиџиќ

Џошуа Кимих, еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен, на денешата прослава на драматично освоената титула од Бундеслигата го критикуваше клубот за тајмингот на одлуката да ги отпуштат директорите Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.

Единаесеттата титула едноподруго на Баерн дојде со „багаж“, откако вчера клубот го потврди отказот за Кан и Салихамиџиќ неколку минути по крајот на мечот со Келн. Салихамиџиќ беше на стадионот, но Кан потоа се пожали дека му било „забрането“ да се појави, предизвикувајќи контроверзи во Германија.

Кимих, за кој се шпекулира дека ќе го смени клубот ова лето отворено зборуваше за оваа одлука.

„Без разлика на тоа што мислите за отказот, клубот требаше да почека два-три дена да го објави тоа. Кога ќе ја освоите титулата, без разлика како, и ќе ви дојде таква вест, секако дека сте емоционални“, вели Кимих.

Scroll to Top