Џошуа Кимих беше разочаран што Германија пропушти водство од 2:0 во драматичното 3:3 реми со Англија на „Вембли“, но критиките ги пренасочи он англиската репрезентација, велејќи дека едноставно „не сакале да играат фудбал“.
Германците поведоа со 2:0 на гостите, пред Англија во неверојатен пресврт да стигне до 3:2 водство, пред грешката на голманот Ник Поуп да дозволи Каи Хаверц со својот втор гол да израмни на 3:3. Кимих беше зачуден од тактиката н Англичаните.
„Англија играше само на контрапад. Навистина е несфатливо, бидејќи Англија едноставно не сакаше да игра. Грешките беа наши што го предадовме мечот во второто полувреме“, вели Кимих.
Дел од англиските фанови исто така имаат сомнежи во стилот на игра на селекторот Герет Саутгејт, сметајќи дека премногу се фокусираат на дефанзивна игра, чекајќи Хери Кејн да профункционира во нападот.