Пари Сен-Жермен во саботата загубија со 3:1 од Монако, по што дефанзивецот на „светците“ Преснел Кимпембе им се извини на гостинските навивачи на стадионот „Луј Втори“ и покрај тоа што неговиот капитен, Маркињос им советуваше на играчите да не одат кај навивчите.
Без Килијан Мбапе, Лионел Меси и Марко Верати, ПСЖ доживеаја лош пораз пред супер-важниот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен.
„На теренот, ова се глупости, знаеме. Само можам да ви се заблагодарам што дојдовте. Сега, не не напуштајте, ни требате. Ќе се организираме во соблекувалната, ќе ги направиме работите на вистински начин и ќе се видиме во вторник“, им кажа Кимпембе на навивачите.