Top Sport

Кин: Арсенал се фаворити, но титулата ќе отиде кај Манчестер сити

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, не верува дека Арсенал ќе ја освојат титулата оваа сезона и покрај тоа што имаат осум поени предност пред актуелниот шампион, Манчестер сити.

Предноста е осум поени поради тоа што Сити имаат меч помалку, а на 26 април, „топчиите“ гостуваат на „Етихад“ во меч кој сигурно ќе има огромно влијание на трката за титулата. Кин, иако ги испофали Арсенал под Микел Артета, вели дека нема да го издржат притисокот.

„Арсенал се во одлична позиција, нешто што не би го предвиделе на стартот на сезоната. Тие беа брилијантни, многу млади фудбалери беа неверојатно постојани. Дефинитивно се фаворити за титулата, но едноставно не мислам дека ќе успеат. Уште би типувал на Сити. Сега во Арсенал ќе има притисок на секој меч, ќе мора да се оди на победа, а тоа не беше приоритет последните години. Останува прашањето како ќе се справат со тој притисок. Сепак, мора да се признае дека беа брилијантни и дека ако успеат да стигнат до титулата тоа ќе биде огромен успех“, вели Кин.

Scroll to Top