Некогашниот капитен на Манчестр Јунајтед, Рој Кин е познат како човек што секогаш го кажува она што го мисли, особено кога треба да упати критика кон некого. Последна негова „жртва“ е играчот на Тотенхем, Дел Али.
Тотенхем, вчера, гостуваа кај Ливерпул, имаа водство 0:1 по првиот дел, но Ливерпул успеаја да направат пресврт и со головите на Хендерсон и Салах да дојдат до трите бода.
Деле Али беше еден од најлошите играчи во тимот на Маурисио Покетино, но и покрај тоа го одигра целиот натпревар.
Повредите во целост го исфрлија од натпреварувачкиот ритам овој фудбалер, кој од финишот на минатата сезона е далеку од формата и настапите што го промовираа и во репрезентативец на Англија.
„Тој замислува дека е некаков машки модел…Мора да се погледне во огледало и да се запраша што му се случува. Тој изгледа си замислуваше дека е голем фудбалер, дека нешто постигнал, но тој денес не постои“, рекол Кин во анализата на натпреварот за „Скај“.