Top Sport

Кин: Јунајтед не го почитуваат Роналдо, имаше пет понуди да замине ова лето

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин вели дека знае дека Кристијано Роналдо имал пет можности да замине од „Олд Трафорд“ во текот на летото, велејќи дека клубот покажува непочитување кон Португалецот со тоа што не му дозволи да си замине кога веќе не е во плановите на менаџерот Ерик Тен Хаг.

„Јунајтед покажуваат огромно непочитување кон Роналдо. Мислам дека требаше да му дозволат да си замине во текот на летото, бидејќи не верувам дека менаџерот реши да го заддржи за да седи на клупата. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата и имаше опции да замине ова лето. Тоа дека никој не го сакаше е чиста глупост, знам дека имаше четири или пет многу добри опции. Тој ќе остане мотивиран поради Светското првенство, но не е добро само да седи на клупата. Ако ги погледнете неговите резултати, тој има многу голема шанса да ви врати со гол. Луѓето се опседнати со пресинг-играта, но ако ја поставите топката на вистинско место, тој ќе ви врати со голови“, вели Кин.

Scroll to Top