Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, во свој стил ги коментирал катастрофалните резултати што сезонава ги бележат „црвените ѓаволи“.
Јунајтед, вчера, уште еднаш ја демонстрираа својата немоќ. Тимот што го предводи Жозе Мурињо, во дербито, загуби од Ливерпул 3:1. По 17 рунди во Премиер лигата, Јунајтед 11 бода зад Челси, кој се наоѓа на четвртото место.
Состојбата во Јунајтед секако дека во очај ги фрла фановите, на кои во меморијата им е моќната генерација од 1999 година. Таа генерација, со Кин како капитен, успеа со епски пресврт против Баерн, да ја освои Лигата на шампионите.
„Ние овој тим на Ливерпул ќе го добиевма со 1:0. Само со 1:0? Да, бидејќи повеќемина од нас имаат преку 40 години“, рекол Кин.