Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин повторно „удри“ по својата омилена мета, Хери Мегваер, нарекувајќи го „срамота“ за неговата прослава на голот против Албанија во мечот од квалификациите за Мундијалот.
Сегашниот капитен на Јунајтед, Мегваер беше на удар на критиките во последно време по слабата форма за Јунајтед, но откако го постигна првиот гол за Англија (од петте во првото полувреме), ги стави прстите во уши, покажувајќи дека критиките не влијаат на него.
„Очигледно ги става рацете на уши за да ги замолчи критичарите, но ова е навистина засрамувачки, бидејќи беше срамота за Јунајтед последните неколку месеци. Мисли дека ако даде гол ќе ги замолчи луѓето… Неверојатно“, вели Кин.