Top Sport

Кинеските фанови во транс, Меси по 100 секунди погоди против Австралија

Во Пекинг од 14 часот започна пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Австралија, а на Лионел Меси му беа потребни само сто секунди за да постигне прекрасен гол.

Тренерот на актуелниот светски шампион, Лионел Скалони, на теренот го извади најсилниот можен тим, како да не станува збор за контролен натпревар.

Брилијантниот Аргентинец ја прими топката на работ од шеснаесетникот, направи еден дриблинг, а потоа со одличен удар во вилушка го погоди голот на Австралија за водство на Аргентина од 1:0 и експлозија од радост на стадионот во Пекинг.

Аргентина предводена од Меси е на турнеја низ Азија. По Австралија, актуелниот светски првак на 19 јуни во Џакарта ќе одигра натпревар против Индонезија.

Scroll to Top