Кинеската власт со последните уредби ја спречува можноста имињата на компаниите да се поврзуваат со фудбалски клубови, што може да има огромно влијание на економската стратегија и насоката во која се движи Интер.
Според италијанскиот весник „Тутоспорт“, поради оваа одлука, газдите на Интер, „Сунинг групацијата“ добива мотив повеќе да ги крати трошоците кај „нераѕурите“ по година во која приходите драстично се намалија поради пандемијата на КОВИД-19.
Од друга страна „Ил кориере дело спорт“ додава дека во Интер се подготвува нова стратегија на работа, со продолжување на договорите на сегашните играчи, односно потпишување на долгорочни договори со тие кои сметаат дека се клучни играчи на тимот, и намалување на буџетот за трансфери. За да се осигура играчите да останат со високи плати, ќе се обиде да се „растегнат“ платите во повеќе од една година за да нема оптоварување на буџетот.
Според „Кориере“, главни цели се продолжувањето на договорите на Алесандро Бастони, Лаутаро Мартинез, Стефан де Фрај, Роберто Гаљардини, Николо Барела, Данило Д’Амброзио и Александар Коларов.