Top Sport

Кинезите на Душан Тадиќ му нудат годишна плата од 14 милиони евра!

Кинескиот фудбалски клуб, Далиан Јифанг на српскиот фудбалер Душан Тадиќ му нуди тригодишен договор за неверојатни 42 милиони евра. Играчот на Ајакс кој имаше сезона за паметење, според информациите, би заработувал 14 милиони по сезона.

Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс стои на одлуката дека Тадиќ и наредната сезона ќе биде дел од тимот од Амстердам, но по зачестените понуди, можно е сепак трансферот да не е исклучен како опција.

Во зимскиот преоден рок, кинески Хебеи за Тадиќ нудеше отштета од 25 милиони евра.

Српскиот репрезентативец со 38 гола и 24 асистенции сезонава за Ајакс го привлече на себе вниманието на големите клубови, па често се споменуваше негов трансфер во Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и Милан.

Преодниот рок во Кина почнува на 1 јули.

Scroll to Top