Top Sport

Кинезите се откажуваат од Канаваро по само една недела?

Местото на легендата на италијанскиот фудбал Фабио Канаваро на клупата на кинеската репрезентација е под закана по само еден месец дена, откако неговата репрезентација загуби два меча едноподруго.

Канаваро беше потврден за селектор минатата недела, а неговиот тренер од славната италијанска генерација која ја освои светската титула во 2006 година, Марчело Липи е негов консултант, но италијанскиот весник „Ла република“ вели дека договорот е под лупа по 1:0 поразите од Тајланд и Узбекистан на Кина купот.

„Кинеската федерација уште нема јасна позиција за селекторското место, но како што кажав и претходно ова е голем предизвик. Ако сум и потребен на Кина тогаш тоа е во ред“, вели Канаваро, кој во исто време ја извршува и работата на тренер на Гуангжу Евергранде.

Scroll to Top