Top Sport

Кион: Езил е катастрофа

Еден од членовите на најславната генерација на Арсенал, Мартин Кион, упатил остри критики на адреса на Месут Езил, по поразот од БАТЕ Борисов (1:0) во Лига Европа.

Езил, не играше во Борисов, каде Арсенал не успеа да ја пробие одбраната на белорускиот шампион. Германецот не играше на четири од последните пет натпревари во Лига Европа.

„Дали е болен или е повреден? Една од најважните работи кај фудбалерот е секогаш да биде подготвен и да му служи на тимот“, рекол Кион и дополнил: „Ова е срамно“.

Кино кој работи како стручен коментатор за британскиот сервис Би-би-си, го критикувал комплетниот тим на Арсенал.

„Никогаш не сум гледал толку лоша игра. Ова мора да е нивното најлошо издание во ерата на Емери“.

По мечот „Телеграф“ објави дека Арсенал бара замена за Езил, кој во клубот заработува 350.000 фунти неделно.

Scroll to Top