Враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“, носи многу прашања во составот на Оле Гунар Солскјер, и многу од нив се однесуваат на уругвајскиот ветеран Единсон Кавани.
Каваи, кој уште нема заиграно оваа сезона по „допустот“ кој го доби по настапите на Копа Америка, го носи дресот со број 7, кој Роналдо го носеше кај „ѓаволите“, во Реал Мадрид и во Јувентус, правејќи и сопствен бренд „CR7“ со таа бројка.
Покрај прашањето на бројот, во Англија сметаат дека пристигнувањето на Роналдо ќе значи и помала минутажа на Кавани, кој го продолжи договорот со „ѓаволите“ на уште една сезона пред посакуваниот трансфер во Бока јуниорс. Од Јунајтед праќаат порака дека не се заинтересирани да го продадат „Ел пистолеро“ и дека за него има место во тимот.
Доколку Кавани не ја пропушти „седумката“, Роналдо има неколку избори: 12, 15, 24, 30, 31, 33, 35…