Top Sport

„Ќе настрадав во тепачка, ме спасија Тоти и Де Роси“

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, Дани Освалдо кој своевремено го носеше дресот на Рома и на Интер во Серија А во интервју за аргентинските медиуми зборуваше за времето поминато во Рим.

Тој се уште е активен на терените, настапува за екипата на Банфилд, но поради корона-паузата, повеќе време поминува во својот музички бенд.

„За малку ќе загинев при тепечка во еден кафе бар во Рим. Морав да ги викам Тоти и Де Роси да ми помогнат. Му реков на Тоти дека жена му сигурно го изневерува, не верував дека има совршен живот. Имаше убаво лице, а беше и надарен, да не влегувам сега во детали. Се околу него беше позитивно“ – вели Освалдо.

Тој не се воздржува и од критиките за оние за кои смета дека тоа го заслужиле. Тој жестоко удри по Чезаре Прандели.

„Дадов 6 или 7 гола во квалификациите, бев прв избор во екипата и ја носев `десетката`, а тој ме изостави од пописот за СП во 2014-та затоа што весниците пишувале дека сум Аргентинец, а не Италијанец. Се надевам дека не ужива во карантинот. Кога ме викна да дојдам во Галатасарај му реков дека не доаѓам ниту за 50 милиони евра“ – рече фудбалерот.

Scroll to Top