Top Sport

Ќе работи метлата во соблекувалната на Интер

Челниците на Интер во летниот преоден ќе извршат голема реконструкција на тимот. Елиминацијата во Купот ја „прелила чашата“, поради што новиот директор Бепе Марота има намера да направи чистка во соблекувалната.

Марота, според италијанските медиуми, веќе преговара со Антонио Конте, кој треба да го наследи Лучано Спалети. Позициите на тренерот се сигурни до крајот на сезоната, единствено би можел да добие отказ доколку го загрози местото што води во Лигата на шампионите.

Интер нема шанси за шампионската титула, синоќа испадна од Купот, а тешко дека може да стигне и до трофејот во Лига Европа.

Поради тоа Марота е решен да направи тим по свој вкус. Покрај тренерот Спалети, наводно уште седум фудбалери ќе бидат отпуштени по завршувањето на сезоната.

Прв на таа листа е Раџа Наинголан, на чии трансфер инсистирал токму Спалети. Втор е Иван Перишиќ кој веќе побарал да биде продаден. Хрватот во штотуку завршениот преоден рок се поврзуваше со Арсенал. Неговиот сонародник Шиме Врсаљко ќе биде вратен во Атлетико Мадрид откако не ги исполни очекувањата.

Дозвбола да го напушта клубот ќе добијат и Гаљардини, Миранда, Кандрева и Борха Влеро.

Прашање е дали Интер ќе ги откупи договорите на Седрик Соареш од Саутемптон и Кеита Балде од Монако. Наводно во летниот преоден рок клубот ќе вложел 120 милиони евра во трансферите на Киеза и Барела.

Scroll to Top