Дефанзивецот на Јувентус, Џороџо Кјелини, според најголем дел од медиумите, се соочува со жестока казна поради гестукулацијата кога Мајкл Оливер синоќа досуди контроверзен пенал за Реал, но и поради коментарите по завршувањето на натпреварот.
„Најголем грабеж што сум го доживеал во професионалната кариера. Срамно е секогаш да се суди во корист на Реал во Лигата на шампионите, никогаш не се случува спротивното. Во Баерн се сеќаваат што се случи овде минатата година“, рекол лутиот Кјелини.
Искусниот дефанзивец го уловија камерите кога го прашува на судијата: „Колку ти платија за пеналов?“, но и како гестикулира кон играчите на реал дека го поткупиле судијата Мајкл Оливер.