Top Sport

Кјелини: Гонзало е нежна душа

Нови извадоци од автобиографијата на Џорџо Кјелини се однесуваат на неговиот соиграч од Јувентус, Гонзало Игуаин, кој сметал дека Јувентус е „рај“ за него по трансферот од Наполи во 2016 година, но и бил „премногу чувствителен“.

Игуаин имаше 63 гола во три сезони со Јуве, но неговата целосна кариера беше одбележана со големи промашувања на уште поголеми мечеви и моменти кога емоциите го совладувале на теренот.

„Гонзало е фантастичен човек. Одличен човек, кому постојано му е потребна поддршка околу него. Навистина го сакам, ја сакам неговата латино страна. Тој е чувствителна личност, можеби премногу на некои натпревари. Но, сите сме такви какви што сме направени. Можеме да работиме со тоа што ни го дале нашите родители. Се сеќавам на неговите први неколку дена во Торино. Тој излезе на пијачка и му побараа двапати да направат селфи со него. ’Ова е рај’ ми повторуваше Гонзало секој ден, рај кој е овозможен од семејството на Јувентус“, пишува Кјелини.

Scroll to Top