Џорџо Кјелини вели дека на италијанската репрезентација и недостасува „нов идентитет“ по 1:1 ремито со Полска во првиот меч од Лигата на нации, првиот конкурентен меч под новиот селектор Роберто Манчини.
Жоржињо постигна гол од пенал за да обезбеди поен за „аѕурите“, откако Пјотр Зиелински ги доведе Полјаците во водство во Болоња, во меч во кој домашниот тим не инспирираше со својата игра. Капитенот Кјелини предупреди дека е потребно време да се изгради тимот по фијаското и неуспехот да се квалификуваат на Светското првенство во Русија.
„Направивме премногу грешки и на крајот ако се собере, нивните шанси дојдоа поради нашите грешки. Мораме да го градиме тимот на перформансите од второто полувреме, бидејќи едноставно немаме нов идентитет на оваа селекција. Не сакам да обвинувам никој, но треба да работиме на нашиот карактер. Ова е само почеток“, вели Кјелини.
Фото: ЕПА