Top Sport

Кјелини: Ќе го прашам Златан кога да се пензионирам

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини вели дека има мотивација да продолжи со фудбалот на 37 години бидејќи ривалот од Милан, Златан Ибрахимовиќ уште игра професионално на 40 години.

Зборувајќи за „Тајмс“, тој се шегува дека може да организира „заедничко пензионирање“ со шведскиот ветеран.

„Да, можеби треба да му се јавам на Златан за да одлучиме. Можеме да направиме едно видео за ‘Скај’. ‘Што сакаш да правиш?’ ‘Не, што сакаш ти да правиш?’. ‘Океј, ќе го направиме тоа заедно’. Во минатото најдобар непријател ми беше Ибрахимовиќ. Навистина нема среќа што игра во периодот на Кристијано Роналдо и Лионел Меси бидејќи без нив, сигурно ќе имаше неколку ‘Златни топки’“, додава Кјелини.

Scroll to Top