Top Sport

Кјелини: Мело беше јаболко на раздорот, а Балотели заслужи шлаканица

Капитенот на Јувентус Џорџо Кјелини ја објави автобиографијата. Во книгата „Јас Џорџо“ тој раскажува детали од животот и кариерата, анегдоти за поранешните колеги, омразата што ја чувствува кон Интер.

Двајца играчи кои најмногу го нервирале Кјелини биле Марио Балотели и Фелипе Мело.

„Балотели е негативна личност, не го почитува тимот. Во текот на Купот на Конфедерации во Бразил, во 2013 година, воопшто не ни помогна. Тогаш заслужи шлаканица. Некои луѓе мислеа дека е меѓу најдобрите пет фудбалери во светот, но јас никогаш не сметав дека тој е во Топ 10 или Топ 20“, пишува Кјелини во книгата.

„Навистина тој е најлош меѓу најлошите. Не поднесувам луѓе кои не покажуваат почит, луѓе кои секогаш контрираат. Кога Мело е во близина секогаш се случуваат расправии. Им кажав на директорите дека тој е јаболкото на раздорот“.

Кјелини пишува и за омразата што ја чувствува кон големиот ривал Интер.

„Не сакам да бидам погрешно разбран. На спортски начин го мразам Интер, исто како што Мајкл Џордан ги мрази Детроит Пистонс. Но 99,9 отсто од времето кога сум имал можност да се дружам со фудбалери на Интер ми било исполнето се шеги, смеа и добра забава“, истакнал Кјлеини.

Scroll to Top